Полицијата приведе три лица по претрес во нивниот дом, каде имало стебла со канабис и околу 1.000 семки.
„На 21.05.2021 полициски службеници од СВР Битола, во с.Мусинци,битолско ги лишиле од слобода В.А.(21), Г.А.(28) и В.А.(26), бидејќи по претходно издадена судска наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Битола бил извршен претрес во нивниот дом и биле пронајдени стебла со канабис и околу 1000 семки од канабис“, информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.