Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

пред 6 часа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.

Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.

Текстот Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top