Проштална средба на министерот Тошковски со британскиот амбасадор Метју Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција

Проштална средба на министерот Тошковски со британскиот амбасадор Метју Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција

пред 2 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во земјава.

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната конструктивна соработка меѓу двете држави, со посебен осврт на партнерството во областа на безбедноста и борбата против криминалот.

Соговорниците ја истакнаа важноста на зајакнувањето на институционалните капацитети и координираниот одговор на заедничките безбедносни предизвици, особено во справувањето со илегалната миграција и организираниот криминал, кои по својата природа ги надминуваат националните граници и бараат тесна меѓународна соработка.

Министерот Тошковски му се заблагодари на амбасадорот Лосон за неговиот придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработката со Министерството за внатрешни работи, посакувајќи му успех во понатамошниот професионален ангажман.

На крајот од средбата, двајцата соговорници изразија очекување дека воспоставеното партнерство ќе продолжи да се развива и со новиот британски амбасадор, кој треба да ја преземе функцијата во средината на октомври 2026 година.

Текстот Проштална средба на министерот Тошковски со британскиот амбасадор Метју Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top