Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања, извести Министерството.
Во рамки на посетата, предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република.
Текстот Работна посета на министерот Муцунски на Француската Република е превземен од МАКФАКС.






