Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се аплицирани како прва доза, 1.163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат здравствените власти.