Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

пред 2 години

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 29 ноември биле издадени судски наредби за приведување на три лица поради сомнение дека се сторители на кривични дела трговија со дете и родосквернавење.

Полицијата, презела мерки при што лишени од слобода се три лица и тоа родителите на детето Ш.А. (48) и Н.А. (41), како и А.К.(61), корисник на сексуални активности од дете кое не наполнило 14 години, тројцата од Скопје.

Во текот на денот тројцата се изнесени пред Судија на претходна постапка, кој им одредил притвор во траење од 30 дена.

Поради фактот што Ш.А. и Н.А. се во брачна заедница од која имаат малолетни деца, ангажирани се претставници од ЈУМЦСР Скопје, за соодветно згрижување на децата.

Share
Scroll to Top