Рускиот амбасадор, Зиков: Скопје не може да се смета за жестоко русофобно

Рускиот амбасадор, Зиков: Скопје не може да се смета за жестоко русофобно

пред 4 часа

Скопје не може да се смета за жестоко русофобно, вели амбасадорот на Русија во Македонија, Дмитриј Зиков, во коментар за весникот „Известија“. Тој смета дека исполнувањето на сите упатства на Брисел е контрапродуктивно за интересите на Скопје и дека тоа значи напуштање на дијалогот со Москва.

Руската амбасада на официјалната страница на „Фејсбук“ ги објави клучните точки од коментарот на Зиков.

„Ако зборуваме за реторика, Скопје не може да се смета за жестоко русофобно – властите не даваат воинствени изјави ниту се обидуваат да го заплашат населението со „закана од Исток“. Локалното општество не е заинтересирано за ескалација“, пишува Зиков.

Тој зборува и за буџетот за одбрана.

„Тука беше прогласена намера да постигне трошоци за одбрана од 5% од БДП. Беше обезбедена и воено-техничка помош за Киев. Ова се случува во рамките на следењето на „западниот мејнстрим“. Наивно е да се верува дека зголемувањето на буџетските трошоци за одбрана нема да има влијание врз невоените сфери“, вели Зиков.

Рускиот амбасадор се осврнува и на аспирациите на Македонија за влез во Европската унија.

„Исполнување на сите упатства на Брисел е контрапродуктивно за интересите на Скопје, значи напуштање на дијалогот со Москва. Подготвени сме да градиме односи врз основа на меѓусебно почитување на националните интереси. За жал, во моментов не го гледаме ова разбирање од страна на Скопје“, вели Зиков.

Амбасадорот, исто така, вели дека повеќето Македонци имаат наклонетост кон Русија.

„Веруваме дека ова може да послужи како основа за идно обновување на односите“, вели Зиков.

Текстот Рускиот амбасадор, Зиков: Скопје не може да се смета за жестоко русофобно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top