Сали на Балканска школа за педијатрија: можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата

Сали на Балканска школа за педијатрија: можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата

пред 2 часа

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој обединува здравствени професионалци од регионот.

Во своето обраќање, тој истакна дека оваа школа претставува вредна можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата. Според него, ваквите иницијативи придонесуваат за зајакнување на професионалните капацитети, усогласување на стандардите и зголемување на квалитетот на педијатриските услуги.

Тој нагласи дека педијатрите имаат незаменлива улога во општеството, бидејќи се на првата линија во грижата за здравјето и благосостојбата на децата, и затоа заслужуваат континуирана поддршка преку едукација и меѓународна соработка.

На крајот, Сали им упати честитки на организаторите за сработеното, изразувајќи посебна благодарност до претседателката на Здружението на педијатри во Северна Македонија, Аспазија Софијанова, за нејзиниот придонес во развојот на овој важен сектор.

Текстот Сали на Балканска школа за педијатрија: можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top