СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа

Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДС беше власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд.

Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше“.

Од партијата на власт прашуваат, како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС и никако поинаку“.

Текстот СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top