СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 часа

Интересно е како СДС веднаш се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче намесникот на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од искуство изгледа знаат колку точно чини и дали се долари или евра, па веднаш тоа ги погоди.

Но не одговорија како Венко успеа со докторска плата да ја купи златната виза за Дубаи и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има и сведоштво на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски.

Исто како што не одговорија дали по дубајско време како Заев и Венко ќе слават Нова година, се фатија само за парите.

А кога сме кај Харис Џиновиќ им порачуваме да не се резилат, постои и видео материјал па да ги потсетиме како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи“.

Текстот СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top