СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје.
Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии.
Партијата поставува прашања дали биле преземени навремени мерки и кој ќе понесе одговорност за, како што наведува, непостапувањето на надлежните институции.
СДСМ побара министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов да поднесат оставки.
Воедно, партијата бара итно објавување на сите анализи за квалитетот на водата, целосна истрага за постапувањето на институциите и утврдување политичка и кривична одговорност за сите кои, според нив, го загрозиле здравјето на граѓаните.
Текстот СДСМ бара оставки: По Гостивар, небезбедна вода и во Валандово, Крушево и болницата во Лешок е превземен од МАКФАКС.





