СДСМ: Без срам Данела Арсовска крати проекти за дечиња од социјален ризик

пред 3 години

Без трошка срам Данела Арсовска крати помош за дечиња во социјален ризик, укинува финансирање проект кој се реализира неколку години, обвинија од СДСМ.

„ Криењето зад соопштенија на Град Скопје пишувани по диктат од Белиот дворец многу говори за односот на Арсовска. Тоа ли е одговорот на Арсовска за тоа што ги скрати парите за стотици дечиња во социјален ризик кои од 2017 година имаат можност да се социјализираат и бесплатно да летуваат?

Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните. Ако беше искрена, Арсовска ќе ги пренаменеше 670.000 евра за помош и поддршка на граѓаните наместо да ги троши за вдомување партиски кадри“ додаваат во соопштението од владејачката партија.

Share
Scroll to Top