СДСМ: ВМРО ДПМНЕ блокираат закон кој воопшто не го прочитале

пред 3 години

Зачудувачка е леснотијата со којашто ВМРО ДПМНЕ блокира толку важен Закон кој воопшто не го прочитале. Со ова ВМРО ДПМНЕ го докажа и го достигна врвот на деструкции, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата наведуваат доколку барем малку имаат искрена грижа за наставниците, ВМРО ДПМНЕ наместо да блокираат, ќе прочитаа и ќе знаеа дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основната компонента и исклучителната компонента изразени преку бодови.

Во соопштението подолу стои дека согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно концепцијата за основно образование и воспитание, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

Она што ВМРО ДПМНЕ не сака да го признае е дека со раст на минималната плата, ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основното и во средното образование.

Од СДСМ додаваат пред да блокираат и демантираат, ВМРО ДПМНЕ ги упатуваме и на член 66-ж од Законор во којшто е наведено дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници, а во рамките на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број на даватели на јавни услуги распоредени по соодветните нивоа за тековната година.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

Наставниците не заслужуваат да бидат потценети, навредувани, а најмалку ВМРО ДПМНЕ да ги дели партиски.

Наместо да трошат време на препукување, пишување деманти и блокади со кои спречуваат раст на платите во образованието, нека го прочитаат Законот и конечно да престанат со постојаното блокирање, се вели во соопштението од СДСМ.

Share
Scroll to Top