Во време на светска економска криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на граѓаните, обвини СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што во 11 годишниот режим стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, за денес да глуми загриженост за економскиот стандард. Ако навистина се загрижени за стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нека ги продадат подните плочки од 100.000 евра, а парите нека ги насочат кон граѓаните.
Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони. Освен одбрана на криминал, лажни вести и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо друго да понуди“ велат од владејачката партија.