СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите

пред 2 години

Милошоски лобира против почеток на преговори со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите, се вели во соопштението од СДСМ.

Како што наведуваат од партијата, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ.

Во продолжение на соопштението се вели дека наместо да бара ЕУ да донесе одлука што поскоро нашата држава да започне процес за преговори со Унијата, заслужени, за кои ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е докажан противник на евроинтеграциите, партија која сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top