„Државниот Буџет за 2022 година, кој е во собраниска процедура е насочен кон зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата, како и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.
Преку одговорно финансирање 2022 година треба да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции и токму затоа е потребна конструктивност од страна за опозицијата, за да се усвои Буџетот низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции.
Покрај донесувањето на Буџетот, Собранието треба да донесе и низа закони кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата, а се од клучно значење за граѓаните.
Дел од нив се минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта.
Имајќи ги предвид предизвиците што стојат пред државата и граѓаните како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на земјата, секој пратеник, треба да ја оправда довербата добиена на избори и да работи во интерес на граѓаните.
Демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред нас ќе го донесе Буџетот и законите блокирани од опозицијата“.
Соопштение на СДСМ