Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата наведуваат дека таков е делот од усвоената резолуција во којшто се наведува дека Северна Македонија не ги почнала преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“
Оваа формулација е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.
Од СДСМ прашуваат што правел Христијан Мицкоски додека се зборувало за овој дел од Резолуцијата?
Зошто Мицкоски не ги бранел државните ставови на нашата земја на Конгресот на ЕПП на којшто и самиот присуствувал?
Ова е потопување на државните и национални интереси и тоа директно од Христијан Мицкоски.
Очекуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните да ги објасни овие негови позиции, се вели во соопштението.