СДСМ: Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ го потврдува напредокот на државата во борбата против криминалот и корупцијата

пред 3 години

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Македонија има напредок од 24 места, што е е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години, соопшти СДСМ.

„ Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата. Ова, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството“ велат од владејачката партија.

Напредокот на листата на Транспаренси Интернешнл, според СДСМ е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба против секаков вид на корупција и криминал, додаваат од партијата.

Share
Scroll to Top