Преку писмено соопштение владејачкиот СДСМ реагира на денешната прес-конференција на која пратеникот Антонијо Милошоски упати прашање до власта, која е фантом фирмата поради која Кина одбила набавка на вакцини.
„Идиша уште едeн лажен балон на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ништо незаконско во набавката на вакцините од НР Кина. Тоа што Мицкоски го нашол Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија, да му ги брани лажните вести, покажува колку е очаен“, велат од СДСМ.
Од ова партија истакнуваат дека во целиот овој период се прават напори за набавка на вакцини по сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.
„Очигледно е дека во белиот дворец силно е присутна режимската криминална матрица, па во сè гледаат провизии, како што беа случаите со шефот на Мицкоски, криминалецот Никола Груевски за автопатите од времето на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од владеачката партија.