СДСМ: Новиот министер за земјоделство со соларна централа – уште еден „патриот“ со бизнис во енергетиката

СДСМ: Новиот министер за земјоделство со соларна централа – уште еден „патриот“ со бизнис во енергетиката

пред 2 часа

Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ, кои веќе практично не постојат, нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија, велат од СДСМ.

„Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала за производство на електрична енергија во вредност од околу 3 милиони евра. Навикнати сме на тоа дека „големите патриоти“ имаат фирми во Бугарија. Навикнати сме дека почесниот конзул од Србија е бизнис партнер на Мицкоски во енергетиката. Навикнати сме дека самиот премиер има хидроцентрали. Но, очигледно сега влегуваме во нова фаза – кога и министрите јавно поседуваат соларни електрани“, велат од партијата.

Од СДСМ велат дека се поставува прашањето: дали оние кои доаѓаат на власт за да „ги бранат националните интереси“ и да се борат против „бугарското влијание“, всушност доаѓаат да си го прошират бизнисот во енергетиката?

Текстот СДСМ: Новиот министер за земјоделство со соларна централа – уште еден „патриот“ со бизнис во енергетиката е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top