Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%, велат од СДСМ.
„Од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е пад на поддршката за 13%. Падот на ВМРО е уште поголем, над 20% ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО.
СДСМ во 2025 година освои 481 глас за кандидатот за градоначалник а сега, 2026 година, кандидатот на СДСМ, Јовица Радески освои 706 гласа што е зголемување за 46%.
Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте“, стои во соопштението на СДСМ.
Текстот СДСМ: Пад од 13 отсто кај ВМРО-ДПМНЕ, раст од 46 отсто кај СДСМ на изборите во Брвеница е превземен од МАКФАКС.






