СДСМ: Пратениците на Левица не беа во салата кога се гласаше за минималец од 600 евра

СДСМ: Пратениците на Левица не беа во салата кога се гласаше за минималец од 600 евра

пред 3 часа

СДСМ денеска ја обвини Левица дека не го поддржала предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кој беше на дневен ред на собраниската седница. Предлог-измените предвидуваат минималната плата да изнесува 36.960 денари нето.

„Кога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата“, соопшти СДСМ.

Според партијата, за предлогот гласале пратениците на СДСМ и коалицијата и независниот пратеник Миле Цеков, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не гласале „за“, а во салата не биле ниту пратениците на ДУИ.

Од СДСМ упатија остри критики кон Левица, обвинувајќи ја дека јавно се претставува како заштитник на работниците, но дека не го поддржала предлогот за повисока минимална плата.

„Спутникот на Мицкоски, неговата партија на далечинско -Левица работи само под команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица.
Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. Не влегоа во салата, не дадоа ниту еден глас за повисока минимална плата. И тоа на кој ден? Токму на Светскиот ден за пристојна работа. Левица е партија за ништо, против НАТО, против ЕУ, со лажни работнички пароли. Работниците не живеат од пароли. Не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави. Им треба повисока плата. СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата, за работниците, за граѓаните“,велат од партијата.

Текстот СДСМ: Пратениците на Левица не беа во салата кога се гласаше за минималец од 600 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top