СДСМ: Со обиди за физичко насилство ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја блокира Комисијата за образование

пред 3 години

Режимската и насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ денеска ескалира на седницата на собраниската Комисија за образование наука и спорт, oбвинуваат од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека биле упатени навреди, закани и обиди за физички напади.

„Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја болкираат седницата на Комисијата, да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, што се подготвени, како што велат од СДСМ, и со насилство да го блокираат носењето на овие закони.

Но, од партијата на власт исто така порачуваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се лажат дека со навреди, клевети, закани и насилство ќе успеат да ги спречат реформите во интерес на граѓаните.

Share
Scroll to Top