СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата

СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата

пред 14 часа

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение.

Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата.

„Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции. Прогласувањето на епидемија не е политичко прашање, туку прашање на јавно здравје и заштита на граѓаните. Институциите имаат должност да реагираат соодветно и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на населението“, велат од СДСМ.

Се додава дека граѓаните на Гостивар во моментов се соочуваат со сериозен здравствен проблем, а од надлежните институции се очекува да постапат професионално и одговорно, врз основа на експертските оценки.

Текстот СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top