СДСМ ја поддржува идејата на ЛДП: Веќе дадовме предлог закон за двојно државјанство

СДСМ ја поддржува идејата на ЛДП: Веќе дадовме предлог закон за двојно државјанство

пред 36 минути

„СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието“, велат од СДСМ.

„Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока.

СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение:

• Да важи за пратениците од актуелниот состав.

• Да важи за министрите и сите владини функционери.

• Да важи за директорите на јавните претпријатија.

• Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија.

Нема место за двојни стандарди.

Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат.

Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена.

СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП.

Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси.

Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава – Македонија.

Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас.

За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија – не може да важи.

Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму.

За сите останати – мора да важи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ ја поддржува идејата на ЛДП: Веќе дадовме предлог закон за двојно државјанство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top