Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“

Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“

пред 2 часа

Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2025 година се проф. д-р Севдаил Демири, истражувач, публицист и поет, и Ресул Шабани, писател.

Текстот Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top