Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари, велат од ДУИ

Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари, велат од ДУИ

пред 3 часа

Демократската унија за интеграција изразува, како што истакнуваат од таму, сериозна загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, како резултат на недоволните економски политики на Владата.

„Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално се соочуваат со пад на куповната моќ и секојдневно се борат да ги покријат основните потреби.

Цените на храната, електричната енергија, горивата и основните услуги бележат континуиран раст, додека мерките на Владата остануваат задоцнети и недоволни. Наместо системски решение граѓаните добиваат зголемување со кои не можаат да ги покриваат ни трошоците за храна и пијалоци“.

ДУИ оценува дека е неопходно итно преземање на конкретни мерки за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард. Во спротивно, како што велат, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните и зголемување на социјалната нееднаквост.

ДУИ, додаваат од партијата, останува посветена на предлагање реални и одржливи решенија кои ќе обезбедат економска стабилност и подобар живот за сите граѓани.

„Да почнеме со зголемување на минималната плата од 35.000 денари.

Текстот Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари, велат од ДУИ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top