Сиљановска-Давкова му подари Невестински колан од Галичник од 19.век на момчето што го фати крстот во Охрид

Сиљановска-Давкова му подари Невестински колан од Галичник од 19.век на момчето што го фати крстот во Охрид

пред 7 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.

Претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води. Таа му подари Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.

Во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, Петар Чакарески, од претседателката како подарок доби Пафта, Невестински колан, од Битола од 19. век, со желба за здравје, радост и благосостојба.

Сиљановска–Давкова истакна дека Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето.

Текстот Сиљановска-Давкова му подари Невестински колан од Галичник од 19.век на момчето што го фати крстот во Охрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top