Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

пред 3 часа

Документацијата за ширењето на лажната порака дека водата во скопскиот водовод е загадена со бактеријата ешерихија коли, која Јавното претпријатие „Водовод и канализација- Скопје“ ја предаде во полиција, е за две лица. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека тоа се податоците, заедно со докази, до кои успеало да дојде јавното претпријатие, но очекуваат полицијата да пронајде повеќе лица.

„Пријавата е за две лица. ’Водовод и канализација’ обезбеди докази за нив по допрен глас, но претпоставуваме дека МВР постапува против повеќе луѓе. По комплетирање на случајот очекуваме да ја информираат јавноста за преземените мерки“ брифираат од Град Скопје.

Утрово Министерството за внатрешни работи кусо извести дека се работи на утврдување на профилите на лицата и тие се повикуваат на информативен разговор, а јавноста ќе биде соодветно информирана откога ќе завршат истражните дејствија.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, вчера на вонредната прес-конференција рече дека водата е безбедна пиење и дека за него ширењето пораки дека во неа има ешерихија коли е чин еднаков на тероризам. За ширењето на пораките ја обвини опозицијата и најави дека нема да дозволи виновниците да поминат неказнети.

Текстот Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top