Следи променливо облачно и студено време со врнежи од дожд и снег

пред 4 години

Облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места проследени со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Од пладне ќе дува засилен северен ветер што ќе услови нагло намалување на дневните температури. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките околни планини од Скопската Котлина. T= 10 °C, P= 963 hPa, U= 65 %, V= 5 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утре и во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Share
Scroll to Top