Словачкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

пред 4 години

Министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок, денеска престојува во Скопје, на покана на неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Покрај централната средба во Министерството за надворешни работи, Корчок ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев.

На агендата на разговорите ќе се најдат прашања за билатералните односи на двете земји, можностите за нивно унапредување во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план. Се очекува да бидат отворени темите за евроинтегративните процеси на нашата земја, соработката во рамките на НАТО и другите меѓународни организации.

Посетата на словачкиот Министер е во рамките на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан и ангажмани на Словачка за обезбедување европска перспектива за регионот.

Share
Scroll to Top