„Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ

„Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ

пред 58 минути

„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. ​Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ.

„​Парите кои би се собрале од комуналиите за градење нема да бидат доволни да се спроведат наведените градежни зафати, или народски кажано: ‘Ќар до колена, зијан до гуша’. ​Оваков пристап не само што не е домаќински за општинската каса, туку сите центaрци ќе треба да ја плаќаат преку буџетот на општината за да се задоволат апетитите на неколкумина.

​Ова е една од причините зошто советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана“, се додава во соопштението на ЗНАМ.

Текстот „Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top