Со покачувањето на платите, граѓаните може да купат по 2 килограми домати и краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ

Со покачувањето на платите, граѓаните може да купат по 2 килограми домати и краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ

пред 4 часа

Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ.

Партијата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека секојдневно ги лажел граѓаните дека владата нешто следи и дека немало потреба да се преземат мерки.

„Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето и зеленчукот. Граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов шок. Сега ниту 600 евра не се доволни за граѓаните да ја надминат кризата, а сегашното минорно зголемување на миналната плата од 1.667 денари нема вредност. Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин. Толку“, велат од СДСМ.

Опозицијата го прашува Мицкоски уште колку треба да поскапи лебот за конечно владата да преземе мерки?

Текстот Со покачувањето на платите, граѓаните може да купат по 2 килограми домати и краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top