Собранието ги избра Адмир Шабани и Дритон Сулејмани за нови заменици – министри

Собранието ги избра Адмир Шабани и Дритон Сулејмани за нови заменици – министри

пред 5 часа

Собранието, во рамките на 90. седница, денеска, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик министер за образование и наука, Дритон Сулејмани.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем што работи во интерес на граѓаните.

Од СДСМ, пак, обвинија дека станува збор за партиски кадри.

Текстот Собранието ги избра Адмир Шабани и Дритон Сулејмани за нови заменици – министри е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top