Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

пред 2 години

Од денес, па секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт. Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/.

За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: [email protected]

Share
Scroll to Top