Собранието изгласа укинување на техничката влада

Собранието изгласа укинување на техничката влада

пред 3 часа

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за Влада, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе престане да постои техничката, односно преодната влада.

За законските измени гласаа 70 пратеници, 11 беа против, а воздржани немаше.

Техничката влада, позната и како пржинска влада, беше воведена како ад хок механизам за изборите во 2016 година со цел да обезбеди фер и демократски изборен процес преку вклучување дополнителни министри од опозицијата во последните 100 дена пред избори.

Во расправата, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека техничката влада е надминато решение кое повеќе не одговара на актуелниот политички и институционален контекст, додека опозицијата предупреди дека нејзиното укинување ќе ги ослаби гаранциите за демократски избори.

Текстот Собранието изгласа укинување на техничката влада е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top