Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левицата ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левицата ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

пред 3 години

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левицата, загрозена е работата на градинките, училиштата и на администрацијата на Општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во Општината, Владимир Бислимовски.

На последната седница на Советот на Општина Карпош, вели тој, ДПМНЕ и Левицата не само што го блокираа донесувањето на буџетот туку ја блокираа и одлуката за привремено финансирање.

Со ова вработените во градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените што се грижат за водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

„Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и на Левицата, па вака да ги казнуваат? Затоа е и овој протест денеска на некои од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можае да си ги платат сметките, да не може да одвојат за своите деца. Ова што го прават ДПМНЕ, Левицата и Мицкоски не е политика. Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски“, рече Бислимовски.

Текстот Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левицата ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top