Сончево и студено, со пораст на температурите

пред 3 години

Утрово најниската температура била измерена во Берово од -9 степени, -8 степени биле измерени во Струмица, Тетово и Демир Капија, -7 во Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Штип, -6 во Битола, Куманово и Прилеп, -5 степени во Виница, -3 во Дојран, -2 Охрид и Претор, 0 степени во Крушево, Дебар и Попова Шапка, 1 степен во Маврови Анови.

Снежната покривка во седум часот изнесувала 43 сантиметри на Попова Шапка, 36 во Маврови Анови, 11 во Пожаране и 7 сантиметри во Крушево.

Во текот на ноќта и иозутринава според УХМР било студено во централните и источните делови од земјата. Утринава има се поголема облачност на западот и особено на југозападот има побрз пораст на температурата во Охрид и Претор +5°С во 7 часот. На повисоките места особено на западот дува и умерен западен ветер.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за слаба магла наутро по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје сончево, но студено со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Share
Scroll to Top