Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 26 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 26 степени

пред 5 часа

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Од среда до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Текстот Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 26 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top