Сончево со мала до умерена локална облачност: температурите во постепен пораст и над просекот за овој период од годината

Сончево со мала до умерена локална облачност: температурите во постепен пораст и над просекот за овој период од годината

пред 3 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од денеска под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).

Текстот Сончево со мала до умерена локална облачност: температурите во постепен пораст и над просекот за овој период од годината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top