Сообраќајна несреќа во Охрид, повредени две млади лица

пред 5 години

Две лица на 18-годишна возраст се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача.

„Патничко возило „сузуки“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18). од Охрид, изгубило контрола и удрило во столб. Во несреќата со тешки телесни повреди здобила сопатничката Т.Н.(18), додека возачот и друг сопатник О.С.(18) од Охрид се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

Share
Scroll to Top