Сопственикот на фризерницата тврди дека не зел пари во кеш

пред 4 години

Сопственикот на фирзерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, тврди дека не земал пари во кеш од лица вклучени во неговите проекти, кои претходно им ги исплатил на трансакциска сметка. Тој тврди дека парите се префрлени кај ангажираното лице, па вратени на сметката од „В.Е.З. Трејд“ поради тоа што, како што вели, од неразбирливи причини лицето ги откажало ангажманите.

Златковски заедно со Димова одржаа онлајн прес-конференција, на која објаснија како се доделувале парите за „Еразмус+“, но и за нивното трошење.

„Случајот е документиран и пријавен во Националната агенција. Извршени се сите проверки и преземени се сите мерки. Тој случај влезе и во завршниот извештај на проектот кој што е затворен, без никаков проблем. Околу случајот, потпишани се сите договори, префрлени се сите пари кои што требало да бидат префрлени на обучувачот и поради недоразбирања, овој договор е раскинат со спогодба. И тука завршуваат сите недоразбирања. Лицето бараше да биде иззмено, тоа е направено, никогаш не е ангажирано за никаков проект, ниту во проектот каде беше планирано, а кфалификувано, затоа што сметаше дека може да одоговри на задачите. Но кога дојдоа задачите на ред да се извршат, од неразбирливи причини, таа го откажа учеството и парите кои и беа префрлени на нејзината сметка, се обиде да ги задржи за себе. Но под притисок, тие пари мора да бидат вратени, тоа беше направено. И правно беше завршена работата. Она што се случи вчера беше изненадување за мене, затоа што никогаш ОЛАФ ме информирал мене, ништо не беше доставено до мене. Овој случај за „В.Е.З. Трејд“ и НА е затоврен. Но, дали има реперкусии со ова, со тоа што се прекршуваат одредени правила кои се вградени во договорот ќе видиме понатаму“, вели сопственикот на фризерницата, Златковски.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, посочи дека пријави против Златковски имало кај неа, но и во Брисел и била направена проверка. Димова тврди дека кога се провериле наводите, немало прекршувања од страна на „В.Е.З. Трејд“.

Share
Scroll to Top