Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсосвка и генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари имаа кафе средба на која што заклучија дека за модерни градови потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија.
На средбата разговараа за предизвиците со кои секојдневно се соочува градското раководство, како и за тоа како брзо и ефикасно да се постигнат успеси преку имплементација на еден нов пристап на менаџирање.
Благодарение на програмата и понудените проекти Арсовска ја доби поддршката од Алијанса на Албанците на претстојните локални избори, велат од изборниот тим на Арсовска.