Средба Грковска – Сикут: Граѓаните треба да бидат во фокусот на дигиталната трансформација

пред 3 години

Заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска, во рамките на дигиталната конференција „e-Governance“ што се одржува во Талин, Естонија, имаше средба со Сим Сикут, естонски експерт за дигитализација, кој имал клучна улога во процесот на дигитална трансформација на естонското општество.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Грковска презентираше што досега Република Македонија постигнала во делот на дигитализацијата, но нагласи дека при спроведувањето на натамошните реформи мора да обезбедиме координиран пристап, како и решенија кои понатаму само ќе се унапредуваат и надградуваат. Таа потенцираше дека Владата има цврста определба ефикасно да го спроведе процесот на дигитална трансформација на општеството.

Естонскиот експерт Сикут оцени дека во овој процес е важно да има политичка волја во спроведувањето на оваа реформа, а во центарот на тој процес треба да бидат граѓаните.

Грковска и Сикут се согласија дека во центарот на сите промени треба да бидат граѓаните кои се и корисници на услугите и сопственици на податоците. Сите промени во насока на унапредување на ефикасноста на институциите и заштедата на времето, се промени кои граѓаните ќе ги прифатат, независно од тоа дали на почетокот ќе биде унапредување на знаењето или на одредени вештини.

Претходно Грковска имаше средба со претседателот на Естонија Алар Карис, со кого разговараа за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани. Двајцата соговорници се согласија дека многу е важно државата да има координиран пристап во сите чекори што ги презема во делот на дигитализацијата и оценија дека искуството на Естонија во овој сегмент може многу да помогне.

Грковска, во рамки на Проектот за унапредување на дигитализацијата на Република Македонија, а во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски Држави, е во тридневна посета на естонските институции кои се носители на естонското дигитално општество.

Share
Scroll to Top