ССМ: Пратениците да го изгласаат законот и недела да го прогласат за неработен ден

пред 3 години

Пратениците да го изгласаат законското решение и недела да го прогласат за ден на неделен одмор, порача Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Оттука преку соопштение апелираат до пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, да видат што губат и каква штета му прават на работникот, а воедно каква штета си прават и самите.

„Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат. Ги потсетуваме дека и тие имаат некој близок кој поради нивниот однос ќе продолжи да работи во недела, нема да биде платен за тоа, а пратениците ќе продолжат да ги уживаат нивните привилегии на грбот на работникот, па така тие кога ќе бидат во парламентот вo недела ќе добијат и надомест, плата и патни трошоци, а вработените во собранието и работниците во Државата нема да добијат ништо“, велат од Синдикатот.

Во соопштението на ССМ се додава дека со ваквиот однос, пратениците им ја кратат слободата на работниците да уживаат право на неработен ден во недела и им кратат приход на оние кои се во исклучоците.

Share
Scroll to Top