ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури: „Ако има неправилности, пријавете“

ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури: „Ако има неправилности, пријавете“

пред 1 час

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

„Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички“, велат од ССМ.

Додаваат дека значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.

Од Синдикатот ги повикаа работниците на кои не им се почитуваат правата, да пријават кај надлежните.

„Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците тие се ваши партнери. Работници почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник  претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд. Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: [email protected], а исто така и преку мобилната апликација“, велат од ССМ.

 

фото/depositphotos

Текстот ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури: „Ако има неправилности, пријавете“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top