Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

пред 19 часа

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„65 стана ќе се продаваат за 1.000 евра за квадратен метар. 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар . 71 паркинг-место по 500 евра за квадратен метар“, соопшти Николоски.

Со тоа, како што рече, Владата врши интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото со зголемувањето на цените на становите.

Министерот очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следува.

Текстот Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top