Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект

пред 4 години

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа порача дека наместо СДСМ да ги обвинува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, редно е да седнат и да изработат проект за нов Клинички центар па потоа, како што рече ќе се дискутира за заем за реализација на ваков сериозен капитален проект.

„ Имено, да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната Влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на Ургентен Клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8ми Септември“ и исто така изградба на уште три Универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра. Иако Заев го побарал овој предлог на увид до ден денешен сеуште нема никакви реакции по истиот“ истакна Стојаноска.

Таа обвини дека е срамно и лицемерно СДСМ да го поврзува овој значаен проект со ковид кризата и со тоа да ја крие нивната неспособност, бидејќи како што објасни таа, досега имаа скоро пет години да започнат со изградба на нов Клинички центар и истиот денес ќе беше во завршна фаза но тие немаат ниту изготвено проектно решение.

Share
Scroll to Top