Претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, обвини дека младите масовно се иселуваат поради политиките на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
Тој оцени дека е лицемерно младите да се повикуваат да останат во земјата, додека, како што рече, државата се соочува со корупција, сиромаштија и блокиран европски пат.
„Со намерното блокирање на европскиот пат најголема штета трпат младите македонски генерации. Наместо европски вредности и интеграција, истиот тој Мицкоски отворено ни порача дека бил подготвен да чека децении за влез во Европската Унија. Децении да стоиме во место, во изолација, да не држи како заложници. Ни продаваат лажен патриотизам, додека државата ја водат луѓе со бугарски пасоши. Во сред криза, владата на ВМРО не донесе ниту една мерка за младите, ниту ја зголеми минималната плата, ниту донесе директни мерки против поскапувањата. Толку е оваа власт против младите што удрија со данок и по студентите кои работеле и нешто си заработиле во странство“м рече Стојчевски.
Стојчевски посочи дека Владата не презела мерки за подобрување на стандардот на младите, ниту за справување со поскапувањата, а ја обвини и за нови задолжувања од 2,3 милијарди евра.
Според него, младите заминуваат затоа што не гледаат перспектива, а на следните избори ќе избираат меѓу „иднина со СДСМ“ или „изолација со ВМРО“.
Текстот Стојчевски: Врв на лицемерие е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат е превземен од МАКФАКС.





