Стружанец загина во сообраќајна несреќа

пред 4 години

Во вечерните часови на 18 мај, во струшката полиција било пријавено дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожда, забележано е превртено возило „нисан примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот.

Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано било дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Share
Scroll to Top